Уште едно фијаско на партиските протести на СДСМ

Слаба посетеност доживеа и денешниот партиски протест организиран од  најголемата опозициска партија пред Владата. Откако синоќа пред Владата се собраа околу педесеттина лица, на протестот денеска присуствуваа околу стотина лица.

Само стотина луѓе, меѓу кои членови на невладини организации финансирани од СОРОС и партиски членови на СДСМ, присуствуваа на протестот кој беше закажан за 16 часот пред Владата. Многу лица кои можеа да се забележат на протестите изминатиов период на хонорарците, СОНК и студентите присуствуваа и на денешниот партиски протест.

Ова е уште еден доказ дека народот не верува во политиките на опозицијата и во постапките на нивниот лидер Зоран Заев, кој одработува за странски центри, и којзнае по кој пат нема поддршка од народот за ваквите деструктивни политики.

Граѓаните исто како и синоќа и многу пати претходно повторно му кажаа “НЕ“ на Зоран Заев и неговите деструктивни политики. Иако соросовите медиуми уште од синоќа активно ги повикуваа граѓаните на протестот, пред Владата денеска се појавија само стотина опозициски поддржувачи. 

 

 

 

Оцени ја веста

21.02.2015 - 17:41
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега