Министерот Јолевски во посета на кандидатите за професионални војници

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески денеска ќе ги посетат кандидатите за професионални војници во процесот на селекција.

Во касарната „Илинден“, министерот Јолевски и генералот Котески, ќе извршат увид на третата фаза од проверката на кандидатите за професионални војници на Армијата на Република Македонија.

Проверката ќе се извршува во три нивоа и тоа психолошки тест, општообразовен  и тест за физичка подготвеност.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега