Утрово температура под нула во цела Македонија

Најниска температура   во државава во седум часот изутринава е измерена во  Маврово, - 14 степени, во Берово  и Лазарополе - 12,  а во Крушево и во Крива Паланка - 10. Минус осум степени се регистрирани  во Битола и Пожаране, - 7  во Скопје Петровец, Прилеп, Виница, Охрид, Претор, Тетово, - 6 во Демир Капија, Штип, Дебар, - 5 Скопје, Куманово, Кавадарци и Струмица, - 2 во Дојран и -1 во Гевгелија.

Највисока снежна покривка од 49 сантиметри има на Маврови Анови, 33 во Лазарополе, а 18 во Крушево.

Времето денеска ќе биде сончево со локална облачност во попладневвните часови и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје сончево со локална облачност во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура до 9 степени. И за утре УХМР најавува претежно сончево време со слаб ветер од северен правец. Утринските температури и понатаму ќе се негативни, а дневната температура ќе биде во благ пораст. Во сабота ќе се зголеми облачноста, но наутро се уште ќе биде студено. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. нрнежите ќе бидат повремени и преку ноќта кон понеделник. Нов влажен бран со нови врнежи од дожд се очекува во среда.

 

 

Оцени ја веста

19.02.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа