Дуке Бојаџиев со концерт во Велес

Во рамките на културната манифестација „Велес - Град на културата 2015", македонскиот композитор и пијанист Дуке Бојаџиев ќе одржи концерт во новиот објект на Театарот „ЈХК-Џинот" во Велес, на 20 февруари 2015, петок, со почеток во 20 часот.

Концертот насловен како „Сон. Верба. Љубов" е длабоко емотивно звуковно патешествие до срцевината на нашата традиција и културна разноликост. Комбинација на авторска, филмска музика (До Балчак, Сенки, Војната Заврши) и изворно македонско творештво кои авторот ги соединува во една автентична целина со современ пристап, збогатена со суфистичката поезија на големиот поет и филозоф од 13. век, Џелалудин Мевљана Руми.

Покрај Дуке Бојаџиев на пијано, на концертот ќе настапат Исмаил Лумановски на кларинет и актерот Васил Зафирчев како наратор.

Концертот е во организација на Театарот „ЈХК-Џинот" од Велес и општина Велес, а билетите се веќе пуштени во продажба по цена од 150 денари на билетарницата на новиот театар, секој работен ден од 10-14 часот и од 18-20 часот.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега