Протести го тресат Бразил

 

Пред локалниот парламент на Рио де Жанеиро дојде до  судири меѓу демонстранти и полицијата, на крајот на протестот против зголемувањето на цените на градскиот транспорт и трошоците за Светското првенство во фудбал во 2014 година, на кое Бразил е домаќин, пренесоа француските медиуми.

Група демонстранти фрлаа петарди по полицијата и запалија канти со ѓубре.

Околу 80 полицајци во зградата на локалниот парламент на Рио одговорија со солзавец и гумени куршуми.

Според податоци на полицијата, во Рио протестирале околу 100.000 лица.

Во главниот град Бразилија најмалку 200 демонстранти се качиле на покривот на националниот парламент. Според податоци на полицијата, во престолнината демонстрираат 5.000 лица.

Во Бело Хоризонте полицијата истрела солзавец против демонстрантите, за да ги спречи да се доближат до стадионот Минеирао, каде се играше фудбалскиот натпревар од Купот на конфедерациите меѓу Нигерија и Тахити.

Протестите се организирани на социјалните мрежи и не се поврзани со политички сили.

 

најчитано сега