Бесими во посета на САД

 

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, престојува во официјална посета на САД, каде што во текот на денов ќе има неколку средби во Стејт департментот, во Националниот совет за безбедност и во Конгресот.

Како што соопшти неговиот кабинет, во рамки на посетата Бесими ќе присуствува и на Молитвениот појадок во Вашингтон каде што ќе учествува претседателот на САД, Барак Обама, конгресмени, како и други лидери и високи претставници од цел свет.

Попладнево, предвидено е Бесими да одржи предавање на Универзитетот „Џон Хопкинс“ на тема „Македонија – може ли да се влезе во ЕУ?“.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 15:17
Фото: 
дојчевеле

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега