Намалува дотокот на вода во Калиманци - мостот кај Зрновци непрооден за сообраќај

Дотокот на вода од реките и водотеците во акомулацијата Калиманци значително се намалува. Утрово е регистриран доток на вода од 75 метри кубни во секунда, акумулацијата се уште е на прелив и од неа излегуваат 60 сантиметри вода. Испустот преку прелив и хидроцентралата е 85 метри кубни вода во секунда, информираше Зоран Беличев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.
  
- Општината се соочува со сериозни проблеми во делот на транспоортот на вработените и учениците од Зрновци кон Кочани и обратно.Алтернативно решение е преку општина Виница за што се принудени дополнително да минуваат по четириесетина километри во двата правца.Во неколкуте конфекции во Зрновци работат 200 работнички од Кочани, додека од Зрновци и околните населени места во Кочани работат и учат 120 жители од оваа општина, изјави Блаже Станков градоначалник на Зрновци.
 
Со настанатата состојба ,вели Станков, се информирани и државните органи.Се чека намалување на водостојот на река Брегалница за да се согледаат можностите за поправка на мостот.
 
Од Центарот за јавно здравје по направениот увид на водата за пиење е издадено соопштение дека водата хемиски и бактериолошки е неисправна за пиење.
 
Според директорката на кочанскиот центар Благица Ѓурковиќ се следи состојбата со водата за пиење и се препорачува употреба само на флаширана вода.
 
Препораката на министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Центарот за  социјални работи од Кочани да направи увид во населените места и да ги регистрира семејствата на кои им е неопходна помош.
 
Од Центарот информираат дека единствено е регистрирано едно семејство во село Чифлик на кое му е неопходна помош во храна и хигиенски пакети.
 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 11:02
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега