ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Уживајте и донирајте за загрозените од поплавите

Театар Комедија одлучи приходот од изведбата на претставата „Стјуардеси“ која вечер ќе се одигра на матичната сцена, да биде целосно дониран на општина Штип со цел да им се помогне на загрозените подрачја во форма на храна, облека и обувки.

Кон акцијата, стои во соопштението од Театарот Комедија, ќе се приклучат и Драмскиот театар со претставата „Човекот кој го изеде светот“ на 6 февруари и Македонскиот народен театар со претставата „Не се клади на енглези“ на 7 февруари. 

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега