Големи одрони од камења на дел од патот Скопје - Македонски Брод

Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница - Кула - Коломонт - Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт - Близанско, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Ренџерската служба на ЈП „Јасен“ во рамки на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.

АМСМ информира и дека од 15 часот е нормализиран сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица – Делчево. 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега