Средношколците од Охрид бараат наставата да продолжи

Денешната одлука за штрајк не затекна на училиште каде што согласно распоредот на часови следевме настава. Ние сме ученици и наша обврска е да учиме, а Ваша да не научите., велат од Унијата на средношколци во Охрид.

Од Унијата на средншколци велат дена не го оспоруваат право на штрајк на професорите, но бараат наставата да се одржи.

-Бараме од вас наставата да продолжи затоа што не сме подготвени изгубените часови да ги надополнуваме за време на викенди или најлошо е за нас доколку во целост ги изгубиме. Учениците од четврта година, треба да се подготвуваат за државната матура која ги очекува и секој изгубен час сериозно ќе влијае на сите нас, се вели во соопштението од Унијата на средношколци во Охрид.

Средношколците ги повикаа професорите да ја продолжат наставата се со цел наставниот процес како и досега да се одвива без проблеми и политички влијанија.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега