ЕУ: Обвинувањата се сериозни и треба да се истражат

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската унија испрати соопштение по повод последните настани во Република Македонија и поднесените кривични пријави за шпионажа и обид за уривање на уставниот порадок во земјата и бара почитување на правата на обвинетите.

eu

 

Маја Коцијанчич, портпарол на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Унијата, посочи дека Брисел е информиран од страна на Министерството за надворешни работи во Скопје за детали во врска со обвиненијата против четири лица, вклучувајќи го и Зоран Заев, Зоран Верушевски и неговата сопруга.

Обвиненијата се однесуваат на, како што објавуват од ЕЕАС, наводна шпионажа и насилни закани насочени кон претставниците на Владата со цел поткопување на уставниот поредок.

- Ова се многу сериозни обвиненија и ние потсетуваме на неотуѓивото право за независна и транспарентна истрага во случај на било-какво наводно погрешно работење, целосно почитување на правата на обвинетите во согласност со законот и меѓународните стандарди, вклучувајќи го и принципот на презумпција на невиност. Исто така, ЕУ ја повторува својата загриженост во врска со влошувањето на политичкиот дијалог во земјата. Политичките партии треба да се воздржуваат од дејствија што уште повеќе ќе ја поткопа ситуација, се вели во соопштението на дипломатската служба на ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега