Ликот кажува се: Заев очаен уплашен и фатен на дело

Политичкиот аналитичар Александар Пандов во изјава за Курир ја коментира денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ и четвртоосомничен во полициската акција , Зоран Заев.

pppandovvv

Очаен, уплашен и фатен на дело, така изгледаше Заев, вели политичкиот аналитичар Александар Пандов. Тој додава дека сценографијата, начинот на говор и сето она што се случуваше вечерва во СДСМ наликува на времето на Бранко Црвенковски и неговите настапи во време кога беше во слични ситуации и кога доживуваше големи порази.

-Тоа беше една сценографија која многу пати претходно ја имавме видено после секој политички пораз на Црвенковски, по што тој излегуваше на истата таа прес-говорница, кога во позадината го има своето претседателство, некои луѓе од комитети собрани да плескаат. Тоа е ситуација на еден крајно очаен човек, уплашен човек, човек кој што е фатен на дело. Самите пораки кои што ги пренесе тој таму, за мене барем, се максимално немеродавни затоа што прво нешто што паѓа во очи е дека во минатите 5-6 месеци, постојано на секое прашање „Дали има комуникација со Груевски“, господинот Заев одговараше дека нема никаква комуникација, рече Пандов.

Политичкиот аналитичар вели дека сега кога Зоран Заев е фатен на дело, ја променува изјавата и кажува дека имал комуникација со премиерот.

-Заев е човек во чии кажувања не можете да верувате, рече Пандов за Курир.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега