Пропадна тезата на Героски за поттикнување на граѓанска воjна

Пропадна тезата на главната медиумска тупаница на СДСМ, Бранко Героски дека власта поттикнува граѓанска војна, откако лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска заработи кривична пријава како четвртооосмничен во акцијата „Пуч“, a поголема група граѓани почна масовно да се собира незадоволна од постапките на Заев.

-Во тек е операција на власта со која дефинитивно се суспендира слободата на говорот и демократијата и се заведува диктатура. Сведоци сме на државен удар и на обид за поттикнување на граѓанска војна. Ве повикувам да бидете храбри, смирени и одлучни во намерата да се избориме за слобода и за демократија. Пред нас се денови на големи искушенија. СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!!!“, напиша Героски на својот профил, откако граѓаните масовно почнаа да се собираат пред Собранието за да го искажат незадоволството од постапките на Заев.

Наспроти тврдењата на Героски дека тоа претставува обид за поттикнување на граѓанска војна, изреволтираните граѓани денеска мирно и достоинствено го искажа незадоволството од како што самите скандираа, предавничкиот однос на лидерот на опозицијата.

Граѓани од различна верска и национална припадност, членови на различни политички партии мирно протестираа на Бихаќка.  Според информациите, полицијата професионално ја дистанцирала групата на неколку стотици метри од седиштето на СДСМ, каде револтот беше изразен на мирен начин.

Претходно, и ВМРО-ДПМНЕ испрати апел за смирено и рационално однесување.

-Сакаме да истакнеме дека го разбираме гневот и незадоволството на граѓаните по информацијата за последната акција спроведена од институтициите, но сме уверени, како многу пати порано соочени со вакви предизвици, дека ќе преовлада разумот, мудроста и зрелоста кај граѓаните, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија нагласија дека потребно е да се дозволи, целокупната постапка која е комплексна, сензибилна и повеќеслојна да биде препуштена на надлежните инстутуции кои треба да ја изведат во законска, транспарентна, професионална и отворена доказна постaпка преку која ќе се дознае вистината.

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 19:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега