Ќерката на Весна Змијанац ја измисли врската со познатиот пејач- трудна е од оженет полициски началник

Николија Јовановиќ, ќерката на познатата пејачка Весна Змијанац, неодамна дозна дека е трудна и за неколку месеци ќе стане мајка. Таа на мајка си и на медиумите им пласираше приказна дека е во врска со Реља Поповиќ, од „Елитни одреди“, а всушност вистината е многу поинаква.

Ќерката на Весна Змијанац, како дознаваат некои српски медиуми, е веќе неколку месеци во врска со еден оженет началник на полиција, а врската со колегата е пласирана за да ги скрие трагите на оваа забранета врска.

Дури и мајка и Весна верува дека Реља е татко на детето!

Но, сега кога е пласирана веста за бременоста, Реља е во потполн хаос, бидејќи сите му се јавуваат и му честитаат, а тој воопшто нема врска со бременоста на Николија.

Николија пред месец и пол и соопшти на јавноста дека е во врска со Реља, а таа е веќе во вториот месец од бременоста, што не го вклопува него во приказната дека тој е таткото.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега