Не ми е гајле за неговите пари,го сакам- исповед на девојка што се омажила за 57 години постар милијардер

Знаев дека Ричард е богат и познат. Убаво е да живееш луксузен живот, сепак тоа е малку важно, рекла Плејбој зајачичата Кети Шмиц.

Велат дека љубовта не знае за граници, а тоа се потруди да го докаже и „Плејбој“ зајачицата Кети Шмиц (25) која се омажила за милијардерот Ричард Лунгер, кој од нејзе е постар дури 57 години.

Иако ги дели цела вечност, младоженците тврдат дека тоа не им смета а нивната љубов цвета.

Овој милјардер, кој на светските познати убавици како Кармен Електра, Памела Андерсон, Ким Кардашијан и Парис Хилтон им плаќал големи суми на пари за да излезат со него на вечера, верува дека петиот брак ќе му биде среќен.

-Секогаш се прашувам дали жената е со мене затоа што ме сака или поради моите пари. Опасно е да се биде во брак, но што да правам кога сакам да бидам со млади жени, изјави богатиот Лунгер.

Од друга страна пак, сексапилната Кети тврди дека го сака својот сопруг и дека нејзе и е најважна само љубовта.

-Знаев дека Ричард е богат и познат. Убаво е да живееш луксузен живот, сепак тоа е малку важно, раскажала Плејбој зајачичата Кети Шмиц.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега