За него имаше соба во нашиот дом- Лепа Брена се присети на убавите моменти поминати со Кемал Монтено

Многумина беа потресени од смртта на легендарниот пејач Кемал Монтено. Веста ја потресе целата српска естрада, а меѓу нив е и неговата добра пријателка Лепа Брена.

Во една емисија пејачката откри дека има убави спомени и сеќавања за својот голем пријател.

Кемал беше чест гостин во нашиот дом. Ние имавме соба за него во нашата куќа. Тој обично се будеше навистина рано, околу 6 часот, а полиците во кујната му беа превисоки. Горе стоеше кафето, па не можеше да го дофати за да си свари. Потоа секој нареден пат му остававме на стол пепелник, кафе и вештачки засладувач за да му биде тука кога ќе се разбуди, се присети Брена на прекрасните мигови.

Брена и Кемал последен пат се слушнале неколку ден пред неговата смрт.

Тој ми се јави кога ги скршив рацете. Тој беше човек со големо срце, имаше проблеми со шеќерот и бубрегот. Но неговиот оптимизам беше толку силен што сите верувавме дека ќе се извлече, додаде пејачката.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега