Џони Деп нападнат од Чупакабра

 

Џони Деп деновиве престојува во Токио, каде требаше да одржи прес-конференцијата, но за своето непојавување на средбата со новинарите даде сосема невообичаено објаснување.

- Бев нападнат вчера утрото. Ме нападна ретко животно кое се вика Чупакабра. Се борев со часови. Многу е упорна и злобна. Сигурен сум дека се криела во мојот куфер. Успеав да ја фрлам од 23-от кат. Така што повеќе нема да ја видиме. Ви благодарам на разбирањето, им рече Деп на присутните новинари.

Како што објави порталот Машабл, спомнувањето на митолошкото чудовиште Чупакабра, кое инаку се поврзува со некои делови од Северна и Јужна Америка, ги насмеа новинарите и покрај тоа што дел од нив со часови го чекаа актерот на конференцијата на која не се појави.

Деп, кој е многу популарен во Јапонија, во земјата допатува за премиерата на неговата нова комедија „Мортдекај“, која ќе почне да се прикажува на 6 февруари 2015 година.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега