Општина Центар го раскина договорот за катна гаража кај „Нова Македонија“

Советниците на општина Центар на вчерашната седница едногласно донесоа одлука за раскинување на договорот за долгорочен кредит за изградба на катната гаража кај некогашната НИП „Нова Македонија“.

- Договорот на 10 јануари 2013 година беше склучен меѓу Комерцијална банка АД Скопје и поранешното раководство на општина Центар. Одлуката за земање кредит вреден 3.000.000 евра е донесена на 8 јуни 2012 година, соопшти Општина Центар. 

Во образложението на одлуката стои дека по започнувањето на градбата на објектот се утврдило дека буџетските приходи не се доволни да ги покријат планираните трошоци и дека приоритет се дава за изградба на ново основно училиште и новиот, веќе започнат објект на градинката „Кочо Рацин“.

 

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега