ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Х Фактор започнува во Скопје – аудиции следниот месец

Во просториите на киното „Синеплекс“ во Сити мол идниот месец ќе се одржат првите аудиции за Х Фактор, кои овојпат започнуваат во Скопје.

Аудициите ќе се одржат на 2 и 3 февруари.

Организаторите решија да започнат со аудициите токму во Македонија, бидејќи тоа е земјата на првиот победник Даниел Кајмакоски. Аудициите подоцна ќе продолжат низ Србија ,Црна Гора, Босна и Херцеговина, Република Српска, а од оваа сезона регионална ѕвезда ќе се бара и во Хрватска.

Пријавувањето се уште трае и тоа преку страната „Икс-фактор Адриа“ на „Фејсбук“ или со испраќање на смс-порака на 14 722
со содржина X2 (празно место) вашето име и презиме. Цена на пораката е 5,9 денари со ДДВ.

 

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа