Евакуирани две семејства - огромни штети од надојдените води од Пчиња

Надојдените води од реката Пчиња предизвикаа штети на потегот од село Пелинце кон Драгоманце. Поплавено е земјоделско обработливо земјиште, но и неколку куќи  и придружни објекти во селата од општината Старо Нагоричане и во селата кои припаѓаат на општина Куманово.
 
Според последните информации на Регионалнииот центар за управуавње со кризи, наносите од откорнати дрвја што ги носат водите на Пчиња ги притискаат столбовите на мостот во село Пчиња. Од Центарот информираат дека се ангажирани надлежни претпријатија од Куманово кои машински ги отстрануваат нансоите и се ослободува притисокот на столбовите.
 
Две семејства се евакуирани - едното во село Јачинце евакуирано е од припадници на МВР, 40-тина минути по полноќ од нивната куќа, а второто семејство денеска е евакуирано од село Коинце.
 
Онаму каде што е повлечена водата  екипи на противпожарна единица ја испумпуваат водата од поплавените објекти.
 
Поплавени објекти, куќи и помошни простории од Крива Река има на потегот од Јачинце, Довезнце и Клечовце. Таму водата се уште не е повлечена.
 
Од РЦУК информираат дека екипи на сите надлежни институции се на терен. Состојбата со реките во Куманово е стабилна и засега не постои опасност од излевање.
 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 12:30
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега