Нивото на реките се намалува - се расчистува хаосот кој го остави големото невреме

Нивото на водостојот на реките низ Македонија се намалува, а екипи расчистуваат на местата каде што вчера имаше излевања предизвикани од обилните врнежи во источна Македонија, потврди Дирекцијата за заштита и спасување.

Нејзини екипи со механизација се на терен во радовишкото село Конче и во село Карбинци, каде што  расчистуваат наноси од реките. Превентивно се поставени илјада вреќи со песок во штипско Ново Село, но опасност од излевање нема. 

Во кумановското село Пелинце водата не навлегла во објектот на Меморијалниот центар АСНОМ и според проценката на стручните екипи нема потреба за поставување вреќи кои се веќе однесени таму. 

Дирекцијата за заштита и спасување во текот на денов ќе има повеќе информации од критичните места, а попладнево состанок ќе има и Коодинативното тело за справување со кризи на Министертсвото за транспорт и врски.

Штипскиот регион кој вчера беше погоден од обилни врнежи денеска ќе го посети и премиерот Никола Груевски. Како што соопшти неговиот кабинет, Груевски ќе ги посети селото Лакавица, а потоа и Карбинци. 

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега