Премиерот Груевски се огласи за македонските ракометари

Премиерот Никола Груевски е задоволен од настапот на нашите ракометари на Светското првенство во Катар. По синоќешната победа против Австрија, македонската ракометна репрезентација заврши на второто место во групата Б и се пласира во осминафиналето, каде во недела ќе игра против селекцијата на Словенија.

Груевски позитивно го оценува досегашниот настап на ракометарите во Катар и вели дека самиот пласман во осминафиналето е успех.

- Генерално играат доста солидно, за пофалба се. Успех е, во осминафинале сме, можеме и понатаму, имаме добри шанси, рече Груевски.

Премиерот вели дека поради обврските делумно ги следи настапите на ракометарите на СП во Катар.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега