ВАЖНА ВЕСТ: Водата во Штип не е за пиење поради поплавите

Општина Штип ги известува граѓаните на Штип дека водата за пиење во овој момент не е за употреба и истата треба да се користи само како техничка вода.

-Причина за тоа се обилните врнежи кои предизвикаа заматување на водата во бунарите и како мерка на безбедност уште еднаш апелираме истата да се користи само како техничка вода. Општина Штип ја следи состојбата со водостојот на реките во штипскиот и лакавичкиот регион, по излевањето на Лакавичка и Балталиска река, како и со поединото излевање на Брегалница, а посебно со истекувањето на вода од браната Мантово, велат од општината.

Поројните дождови и излевањето на реките предизвикаа големи штети пред се во лакавичкиот регион, а во прекин е комуникацијата се неколку села.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа