Груевски: Кежаровски е осуден по закон кој го донел СДСМ

Законот по кој беше осуден новинарот Томислав Кежаровски е донесен во времето кога СДСМ беше на власт. Кежаровски открил име на заштитен сведок за платено убиство и го ставил во опасност неговиот живот, рече премиерот Никола Груевски одговарајќи на прашањето во врска со овој случај во емисијата „Јади бурек“. 

Додаде дека за Кежаровски немал слушнато и не го познавал. За него дознал од медиумите по големата полициска акција, во која тој беше уапсен.

Новинарот со објавувањето на името на заштитениот сведок го донел во опасност да биде ликвидиран. Тогаш полицијата и обвинителството спроведоа акција, ги уапсија сторителите, а на Кежаровски му одредија мерка притвор.

Груевски изрази загриженост од говорот на омраза искажан од одредени новинари и политичари. Вели дека тој ги сожалува луѓето кои се полни со гнев и омраза, бидејќи таквите луѓе не се среќни.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега