Отсечени села поплавени патишта - тешка ноќ во поплавените подрачја низ Македонија

ГЕВГЕЛИЈА 

Патниот правец за с. Милетково - с. Миравци е во прекин и се поплавени земјоделски површини 
Излеана е река Зуица и река Петрушка 
Прооден  е патниот правец за  с. Моин 
Водата е повлекува 

КРИВА ПАЛАНКА 

Зголемено е нивото на Крива Река, надојдени пороите во суводолиците и во 16.00 часот било 95 см. 
Од ЕЛС ангажиран скип и 5 луѓе одрони има на повеќе места. 
Селата Огут и Нарав се отсечени ( патот е непреоден ) 
Село Дренак нема струја 
Загрозена е една куќа во Кр. Паланка од Дурачка река - куќата е заштитена со заштитен насип 
Од ЕЛС се формирани 4 групи за извидување на теренот. 
Во општина Ранковце излеана е Крива Река и поплавени се земјоделски површини. 
Водата е повлекува 

КУМАНОВО 

Зголемено  е нивото на р. Пчиња повеќе од 50см и постојано се зголемува заради врнежите од дожд во Србија. 
ЕЛС има ангажирано една машина за интервенција на теренот 
Поплавен е Меморијалниот Центар АСНОМ и дадени се 3000 вреќи од ДЗС 
Крива Река кај Јачинце и Довезенце е зголемено ниво и има поплавени викендици и земјоделски поврчини 
Водата е повлекува 

ПРОБИШТИП 

На регионалниот пат Киселица – Злетово настанато е клизиште во должина од 15 м. Македонија Пат е излезена на терен а во моментов сообраќајниот пат на овој патен правец е во прекин. 
На регионалниот пат Пробиштип – Св. Николе кај мостот на с. Петришино излеана е реката Киселицва во должина од околу 15 каде соораќајот се одвива отежнато 
На Злетовска река подигнато е нивото на водата но и на критичните места се уште нема опасност од нејзино излевање 
Во моментот е прекинат сообраќајот кон селата Драч и Бунеш урнат е дел од патот кој се поврзува со мостот кај селото Ратавица. Локалната самоуправа презема мерки времено санирање на настанатата состојба - ќе се прави инпровизиран мост за премин на луѓе. 
Водата е повлекува 

РАДОВИШ

Реката Сушица во долниот дел на градот Радовиш има поплавено дваесетина стопански објекти 
Нивото на Радовишка река во градот е многу високо по обилните врнежи од дожд и град, но се ужте не е излеана. 
Во Општина Конче двете реки (Конечка и Крива Лакавица) се надојдени и во долниот тек под селото Конче се прелева на мостот и патниот правец не е прооден. 
ЕЛС презема мерки со сопствена механизација за санирање на состојбата. 
Општина Конче ќе достави барање за агажирање на утоварна лопата и еден камион од ДЗС. 
Утре почнува да работи утоварна лопата и камион од ДЗС 
Водата е повлекува 

КОЧАНИ 

Од водите на Кочанска река постои опасност да се излее кај селото Подлог со што ги загрозува оранжериите на фирмата Зелена куќа. ( прекопан пат и заштитени се оранжериите ) 
Ободниот канал е излеан кај село Бање - водата се излева по земјоделските површини  и не прави некој поголем проблем. 
Во м.в. Белско маало во Кочани има надојдено суводолица и носејки кал и камења ги има заполнето шахтите и водата прави проблем по улиците и дворовите. Ангажрани се вработени од ЈП Водовод. 
Водата е повлекува и нема потреба од ангажирање на механизација од ДЗС. 

НЕГОТИНО 

ЕЛС-Демир Капија - нивото на реката Бошавица е многу големо и има вода по улиците Партизанска и ул.Тиквешка. Се работи со механизација за да се врати водата во коритотото. 
Во Специјалниот завод Демир Капија биле поплавени подрумските простории каде што со пумпа од ТППЕ-Неготино се исрцрпи водата. 
мостот (  пропуст со една цевка )  мегу селото Војшанци и селото Бистренци го однела вода и на неколку  куќи биле поплавени подрумите. 
Водата е повлекува 

ШТИП 

реката Отиња има зголемено ниво и е интервенирено од ЕЛС со пставување на вреќи со песок на кривината кај Црквата. 
Реката Лакавица е излеана по земјоделски површини . 
Нивото на река Брегалница е на максимално ниво и има излевања на некои места. 
Браната Мантово се излева околу 80 лит/сек преку круната на браната и има поплавено земјоделски површини. 
Во општина Карбинци  се има излеано Козјачка река и има остетувања на патаниот правец . 
ДЗС активира градежна Машина Багер за правење на одбрамбени насипи и расчистуване. 
Водата е повлекува 

Во периодот до 22:00 часот според податоците од подрачните одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување водите се повлекуваат во своите корита и состојбата се стабилизира - нема нови излевања. Преку дирекцијата се ангажирани градежни машини за справување со непогодите - во Штип градежна Машина Багер за правење на одбрамбени насипи и расчистуване, во Радовиш утоварна лопата и камион.

Дирекцијата за заштита и спасување преку своите подрачни одделенија ја следи состојбата во републиката, со постојан контакт со локалната самоуправа и е подговена да во случај да има потреба активира дополнителна механизација за отстранување на последиците од врнежите.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега