Груевски: За македонските компании обезбедивме евтини кредити

Македонската влада се грижи подеднакво за сите- и за странските и за домашните компании, вели премиерот Никола Груевски.

Тој посочи дека на сите им се на располагање исти услови и дека и домашните компании можат да дојдат во зоните ако ги исполнуваат условите, а таму се бара производство на повисока технологија.

-Покрај тоа, на домашните фирми им обезбедивме кредитни линии. Во време во кое што имаше високи каматни стапки, серија на повлекувања на кредитни линии од ЕБРД кои што се ревизибилни. Значи, се даваат на компаниите, компаниите по некое време ги враќаат, а државата ги враќа назад. Тие кредити се обезбедија со камата не повисока од 5 ипол посто. Во време кога каматите во Македонија беа 9%, а за некои фирми и до 13%, ние обезбедивме во кризното време, па и сега- кредитна линија која толку многу се користи што 99 отсто од сите кредити во Македонија кои се даваат на компании се даваат од таа кредитна линија, рече Груевски.

Премиерот посочи дека овој кредит го имаат искористено огромен број на домашни фирми.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега