„Сериозни разговори со индиска компанија за рестартирање на една пропадната фабрика и 1000 вработувања“

За време на посетата на владината делегација предводена од премиерот Груевски во Индија, голем број на индиски компании покажале интерес за условите кои земјава ги нуди за водење на бизнис

Премиерот Никола Груевски во емисијата на Јанко Илкоски откри дека со една индиска компанија се водат сериозни разговори за добра инвестиција.

-Неколку индиски компании покажаа сериозни планови да инвестираат. Едната од нив со нас води сериозни разговори, да дојдат во Македонија во една пропадната фабрика, да ја рестартираат. Станува збор за компанија која произведува секакви елементи за во кујна. Тие таму сакаат да го започнат својот бизнис и планираат да вработат 1000 лица. Во разговорите со нив, открија дека сакаат да вработат и повеќе, но рековме дека ќе се фокусираме на овие сигурните 1000 вработувања, рече Груевски.

Тој потсети дека сериозни разговори се водат и со уште една индиска компанија која покажа голем интерес да инвестира во Македонија.

Таа се занимава со производство на трактори и комбајни.

-По нашата презентација во Индија, тие веднаш побараа дополнителни разговори. Определија тим кој ќе дојде тука да ги разгледа деталите. Досега тие продаваа производи во Македонија, а сега планираат да ги произведуваат тука, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 23:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа