Нови 25 компании ќе донесат 15.000 вработувања

Премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во емисијата „Јади бурек“ посочи дека  за некои од најавените инвестиции веќе се потпишани договорите, а дел од нив веќе почнале и да ги градат своите капацитети.

Како такви го спомена компанијата Маркарт во Велес која овори 600 нови работни места, КСС кои завчера го потпишаа договорот планираат 800 вработувања, ОДВ Електрик-1.000 луѓе, Костал-1.000 луѓе, Амфенол кои планираат 2.000 вработувања, како и компанијата Антура која ќе инвестира во Кочани и се занимава со производство на семиња за цвеќиња.

-Оваа компанија кога дојде беше заинтересирана да инвестира во Струмица но не добија најдобар прием и се префрлија во Кочани, нагласи премиерот Груевски.

Од странските инвестиции досега се отворени 13.000 директни нови работни места, а од новонајавените се очекуваат уште 15.000 нови вработувања.

-За оваа година, очекуваме околу 25 нови компании да објават инвестици, некои може годинава и да почнат да гарадт, а некои ќе почнат со градба идната година, потенцираше Груевски.

Тој нагласи дека најзначајната фаза од странските инвестиции е да ја објават инвестицијата, додавајќи дека ретско се случува некој да се откаже од истата.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега