СОНК притиска, експресно се менуваат раководители на училишни синдикати

Силните притисоци од страна на највисокото раководство на СОНК, по секоја цена наставниците во музичкото училиште во Скопје да ја бојкотираат наставата, се причината поради која претседателката на синдикалната организација во ова училиште, денес поднела оставка од актуелната позиција, дознава Курир.

Според информациите кои досега не и беа презентирани на јавноста, легитимно избраниот прв човек на синдикатот во Државниот музичко балетски училишен центар во “Скопје – Илија Николовски – Луј“ во текот на денешниот ден, не можејќи да ги издржи притисоците од Јаким и групата околу него за итно и без одлагање да ја прекине наставата во сите паралелки, донел одлука да се повлече од претседателската позиција.

Изворите на Курир.мк велат  дека впрочем тоа била и крајната цел на СОНК, експресно да се направи замена со нов човек, послушник на зборот на Јаким Неделков, што како пракса се очекува да опфати и повеќе други училишта во следните денови. Во меѓувреме, во целата хаотична ситуација, исчезнати се и печатите на училишниот синдикат, за кои изворот, претпоставува дека веќе се во рацете на новиот претседател, на кој му преостанува веднаш да започне со активности за реализација на договорената агенда.

Сепак,изворот за Курир  потврдува дека во ова училиште не постои расположение за поддршка на идејата за штрајк.

Во меѓувреме, притисоците целосно ги отфрлија и наставниците во неколку други училишта во земјата и се вратија на настава. Штрајкот е прекинат и од страна на неколкуте наставници во ОУ Јохан Хајнрих Песталоци во општина Центар, а со настава продолжија и двајцата наставници во ОУ Кочо Рацин во Дојран. Послушноста кон синдикалното раководство ја откажаа и наставниците од основното училиште “11 Октомври“ во општина Боговиње, како и двајцата наставници во Крива Паланка, кои ја увидоа вистинска цел на штрајкот на СОНК. 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 17:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега