Екипите на терен, се борат со надојдените води - каква е состојбата во Македонија?

Од последните информации од УХМР како критични подрачја каде е можно зголемување на водостојот и локално излевање на водата од речните корита сливот на р.Брегалница, сливот на р.Крива, сливот на р.Треска кај месноста Пласница и низводно до Девичката клисура, р.Пчиња кај Пелинце и по составот со нејзината лева притока р.Крива како и Струмичкиот регион.

 

 На овие места состојбата моментално е под контрола и се следи, екипите на сите надлежни институции се подготвени да интервернираат во случај на зголемување на водостојот на реките.

 

На места каде има поплавени површини или одрони на патиштата, тимови вршат испумпување на водата односно се врши расчистување на патиштата. Информациите од ЦУК се дека и таму состојбата е ставен под контрола.

 

Од Координативното тело ги повикуваат сите градоначалници  да ги ангажираат сите расположливи ресурси и да помогнат во санација на оштетените површни.

 

Воедно се апелира до сите градоначалници  доколку имаат било каква потреба од помош да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 16:41
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа