Невремето прави хаос низ Македонија- се излеа Војшанска река,поплавени десетина куќи

Обилните дождови кои го зафатија неготинскиот регион предизвикаа излевање на Војшанска река, која направи материјална штета на десетина куќи во неготинското село Војшанци, пренесуваат од Центарот за управување со кризи.

 

Невремето го урна мостот кој го премостува поројот помеѓу неготинското село Војшанци и демиркапиското село Бистренци. Најбрзо што може ќе се интервенира кај поплавените, изјави за МИА Тихомир Каранфилов од одделението за односи со јавноста при Центарот за управување со кризи.

Од Центарот се уште немаат информација дека е пуштен железничкиот сообраќај Демир Капија – Гевгелија, кој беше прекинат поради прекин во железничката пруга како последица на обилните дождови кои го зафатија Демиркаписко.

Во меѓувреме, информира градоначалникот на Демир Капија Трајче Димитриев, на терен се утврдуваат штетите предизвикани од обилните дождови во Демиркаписко.

- Морам да напоменам дека штетите ќе беа многу поголеми доколку во текот на летниот период како општина не го исчистивме и уредивме речното корито на реката Бошавица, нагласи Димитриев.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 16:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа