Алармантно во Македонија - еве каде е најкритична состојбата

Невреме ја зафати цела Македонија. Зголемени се водостоите на реките, а дел од нив се излејаа и поплавија голем број куќи во повеќе градови низ Македонија.

Зголемен е водостојот на Вардар особено во Демир Капија каде нивото на реката е зголемено за два пати. Критично е и кај реките Треска и Пчиња, а засега најкритично е во Тиквешијата.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу дожд од 7 до 13 часот има наврнато во Пожар 55 л/м2, во Крива Паланка 39 л/м2, во Демир Капија 38 л/м2, во Штип 34 л/м2 , во Виница 18 л/м2, два л/м2 во Струмица, Куманово и еден л/м2 во Охрид, Прилеп, Берово и Крушево. 

До крајот на денот, како што велат од УХМР, ќе се задржи претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег.

 

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 16:02
Фото: 
канал77

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега