Се излеа Пчиња во кумановско - екипите на терен

Поради обилните врнежи од дожд во последниве 24 часа во соседна Србија зголемен е водостојот на реката Пчиња кој попладнево се излеа и поплави земјоделско обработливи површини на потегот од селото Пелинце кон Драгоманце. 

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека е поплавен и просторот околу Меморијалниот центар АСНОМ.

Екипи на повеќе надлежни институции, меѓу кои на Дирекцијата за заштита и спасување, РЦУК и претставници на општините Куманово и Старо Нагоричане се на терен и се обидуваат да ги санираат последиците од излевањето на Пчиња.

Од РЦУК информираат дека ангажирана е машина од Дирекциајта за заштита и спасување со која се расчистуваат критичните точки во близина на мостот кај село Коинце и на мостот во Пелинце над Меморијалниот центар АСНОМ.

Оттаму предупредуваат дека можно е да се излее и реката Пчиња во делот на општина Куманово на потегот на селата Клечовце, Јачинце, Довезенце и Шупли Камен.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега