Пожарникари ја испумпуваат водата од поплавените куќи во прилепско

Патот Прилеп-Крушево кај месноста „Бегова ливада“ е исчистен и прооден, е најновата информација од Центарот за управување со кризи.

- Екипите на јавните комунални претпријатија и на „Македонија пат“ ја исчистија и ја оспособија оваа делница на патниот правец Прилеп-Крушево и тој е прооден. Во шесте населени места во Прилепско и Долненско: Лагово, Галичани, Ерековци, Белополе, Средорек и Вранче општински комисии ги проценуваат штетите од поплавите на домови и помошни простории на жителите, а противпожарната единица помага со испумпување на водата од поплавените куќи, информира Влатко Котески од Центарот за управување со кризи во Прилеп. 

Поплавите ги предизвикаа дождот кој за 24 часа наврна 12 литри на метар квадратен и наглото топење на снегот.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 15:40
Фото: 
фактор

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега