Поројниот дожд не престанува - големи штети во кривопаланечко

Поројните врнежи од дожд чиј интензитет не се намалува, предизвикаа штети на подрачјето на општините Крива Паланка и Рановце. Водостојот на Крива река и Дурачка река е повеќекратно зголемен и на одделни подрачја има нивно излевање и поплавување на околните површини, а постои опасност и за индивидуалните згради и останатата инфраструктура.

- Крива Река е излеана од мињор коритото, а во централното градско подрачје поплавена е велосипедската патека. Изутрината водостојот беше зголемен за 31 сантиметар, а во моментов иако не се извршени нови мерења, тој е огромен и повеќекратно големен. Излевање на Крива Река има и на повеќе места на подрачјето на општина Ранковце, каде се предизвикуваат штети врз околните ниви, изјави Зоки Павловски, раководител на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување од Крива Паланка.

Павловски посочува дека поради зголемениот водостој и излевањето на Дурачка Река во опасност е една индивидуална куќа во населбата Маневци.

- Водата е на два до три метри од куќата и од страна на општината ангажирана е машина (скип) и луѓе, кои работат на теренот и се обидуваат со камења и наноси да ја заштитат од поплавување и поткопување, рече Павловски.

Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и на Центарот за управување на кризи од Крива Паланка постојано се на терен и будно ја следат состојбата и ги утврдуваат критичните точки на кои треба да се интервенира.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа