Се излеа езерото Мантово - градоначалникот со апел до жителите

Прелеа езерото Мантово соопштија од општина Штип, а -оради прелевањето на езерото се излеа и реката Крива Лакавица. Поплавени се земјоделски ниви, а се следи и состојбата со мостот кај селото Балталија на регионалниот пат Штип-Радовиш.

Портпаролот на градоначалникот на општина Штип, Милена Ристова Михајловска вели дека до жителите на селата на лакавичкиот регион и сопствениците на викенд куќите се апелира да не ја преминуваат реката, а стоката да ја евакуираат на повисоки места. 

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев веќе е на лице место по што ќе се одлучи какви мерки ќе се преземат за овој регион каде што реката Крива Лакавица се излеала. 

Водостојот во реката Отиња засега не ја достигнува критичната точка.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега