Пападимулис: За решение на името потребно е двете страни да бидат на иста бранова должина

Додека Европската Унија со нескриена загриженост ги чека резултатите од изборите во Грција, на кои е најавена победа на радикалната левица, од еден од нејзините претставници во Европскиот парламент во Стразбур, МИА побара мислење „дали евентуалната победа на Сириза ќе доведе до напредок во разрешувањето на спорот со името и деблокирање на евроинтеграциите на Република Македонија“

Грчкиот европратеник Димитрос Пападимулис, потпретседател на Европскиот парламент од групата на Обединетата европска левица, одговори дипломатски, зборувајќи повеќе за минатото.

- Мојата политичка партија која ја создаде Сириза, на времето пред петнатесет години го поддржа пакетот Пињиеро, предлог на Европската Унија за време на португалското претседателство. Дополнителните мерки дозволија да  се намали затегнатоста во двете земји, но за жал предлозите беа отфрлени од двете земји. Грчката влада, сега, со многу години задоцнување прифати сложено име, тоа задоцнување чинеше скапо. Но за жал владата на соседната земја не ја прифаќа оваа идеја и ниту еден компромис за заеднички име, рече Пападимулис на прашањето на дописникот на МИА.

Што се однесува до можноста за напредок во решавањето на спорот, тој нагласува дека за тоа е потребан пред се подготвеност од двете страни.

- Ако сакаме да склучиме договор, двете страни треба да бидат на иста бранова должина. Сите кои живеат на северот од Грција, потребно е нивниот идентитет, име и историја да бидат почитувани, исто како и  на нашите северни соседи кои го имаат истото право. Можеме да користеме едно сложено име со географска одредница кое нема да предизвикува националистички проблеми, вели Пападимулис

Грчкиот европратеник не даде одговор дали ако радикалната левица победи на изборите ќе дојде до деблокирање на процесот на евроинтеграција на Македонија, како што бараат најголемиот број од европратениците и политичките групи во Европскиот парламент.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 15:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега