Потпишан меморандум за соработка помеѓу Дипломатските академии на МНР на Македонија и Косово

На покана на Министерот за надворешни работи, Никола Попоски денеска во посета на Република Македонија престојуваше заменик претседателот на Владата и Министер за надворешни работи на Република Косово, Хашим Тачи. 

 

За време на средбата министритe се осврнаа на севкупната билатерална и регионална соработка помеѓу двете земји, при што заемно беше изразено задоволство од воспоставениот отворен и конструктивен дијалог по сите прашања од заеднички интерес. Во тој контекст, како што сопштуваат од министерството, било договорено одржување на заедничка седница на двете влади.

 

Притоа, за време на средбата бил констатиран интересот за натамошно унапредување на соработката особено преку реализација на заеднички инфраструктурни проекти и  заеднички  настап пред ЕУ и меѓународните финансиски институции и фондови.

Министерот Попоски, како што стои во соопштението, ги реафирмирал заложбите на Република Македонија за евро-интегрирање на регионот, изразувајќи притоа подготвеност за пренесување на нашите позитивни искуства во овој процес.

 

-Беше нагласена важноста на  добрососедските односи и проактивна соработка на земјите во регионот, се вели во соопштението.

Министерoт, Хашим Тачи, од своја страна изразил  благодарност за добрата соработка во сите области, и подршката на Република Македонија  за  евро-атлантските аспирации на Република Косово

 

 

Во рамките на средбата двајцата министри потпишаа меморандум за соработка помеѓу Дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 14:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега