Училиштата кои не работеа се откажуваат од штрајкот

Најголемиот дел од училиштата работат и не го поддржуваат штрајкот на СОНК предводен од лидерот Јаким Неделков. Оние училишта кои вчера и завчера не работеа се откажуваат од штрајкот, онаму каде што имаше делумен штрајк, денеска и тој е прекинат пишува Курир.

Во општините каде немаше штрајк вчера и завчера, нема штрајк ниту денеска. Дополнително, штрајкот е прекинат и во училиштата кои изминатите два дена го поддржа штрајкот на СОНК и застанаа за одлуката на претседателот Неделков. На територија на целата држава, денеска целосно е прекинат штрајкот во 9 училишта.

Редовна настава без никаков прекин денеска се одржува ОУ „Петар Здравковски“ во скопската општина Бутел, повеќе нема штрајк во ОУ „Гоце Делчев“ во Василево, како и ОУ „Перпарими“ во Тетово. Целосно е прекинат штрајкот и во ОУ „Симче Настевски“ во Јегуновце, СОУ „Јане Сандански“ во Битола“, СОУ „Коле Неделковски“ во Велес, СОУ Гостивар, скопската гимназија „Георги Димитров“, како и средното училиште „Цветан Димов“ во Скопје.

Единствено штрајк има во училиштата во Струмица и Куманово, општини со кои раководи опозицијата, поради што просветните работници сметаат дека таквата поддршка има единствено политичка конотација.

Дополнително, во услови на штрајк за поголеми права, дневниците за наставниците кои што штрајкуваат ги покрива СОНК, предвидува Колективниот договор за вработените во образованието.

Согласно член 54 од Колективниот договор за основното образование во Република Македонија и член 51 од Колективниот договор за средното образование во Република Македонија предвидено е доколку има штрајк кој не е заради кршење на права, туку е обременет со нереални барања за повисоки права, подразбира дека СОНК треба да ги исплати штрајкувачите.

Во конкретниот случај, со оглед на тоа што СОНК не протестира заради кршење и намалување на работничките права, туку бара повисоки права за наставниците, некои од нив нереални – како што е зголемувањето на нивните плати за 25% итно и без одложување, подразбира дека СОНК ќе треба да им исплати плати на оние наставници кои штрајкуваат.

 

Оттука прашање е дали СОНК, кој повикува на штрајк ја превзема обврската да им исплати на наставниците.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа