Tрет „Global Game Jam“ во Македонија

Од утре до 25 јануари, ќе се оддржи третиот по ред „Global Game Jam” во Македонија. Станува збор за интернационален настан за креирање дигитални игри, што се одржува еднаш годишно, симултано на голем број локации низ целиот свет. “Global Game Jam” е 48 часовен маратон, во кој учесниците развиваат игри за иста тема, зададена на почетокот на настанот.

Во Македонија, креативците ќе можат да учествуваат на  „Global Game Jam” со правење на игри на две локации, првата е во Сивус едукативниот центар во Скопје, а другата е во Бизнис Академија Смилевски во Битола. Двете локации ќе бидат отворени 48 часа нон-стоп.

Годинашниот натпревар за правење игри ќе биде досега најголем во Македонија не само по бројот на учесниците, туку и по наградите.  За учество во “Global Game Jam” Македонија, заинтересираните треба претходно да се регистрираат за да можат да се приклучат на тим којшто ќе изработува игри. На самиот крај од маратонот, секој тим поединечно ќе ја презентира играта пред публика, при што ќе можат да добијат награда.

Настанот се организира со поддршка на Македонски Телеком и Т-Мобиле. Се очекува на „Global Game Jam” Македонија 2015 да се пријават 400 учесника на двете локации во Скопје и Битола. Од десегашното искуство, во „Global Game Jam” Македонија учествуваат професионалци и студенти, коишто се високомотивирани, тренд-сетери и идни лидери во ИТ индустријата. Истовремено, станува збор за млади и амбициозни луѓе, кои се почитувани членови на он-лајн заедницата во Македонија. 

Во 2014 година “Global Game Jam” се одржа на 488 локации во 72 земји. Имаше 23.189 учесници и беа создадени околу 4.300 игри. На него за првпат учествуваше и Македонија со две локации, ФОН Универзитетот во Скопје и Техничкиот факултет во Битола.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега