Каде завршуваат 72 милиони годишно - пари за членарина од СОНК?

Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е бунар без дно. На Јаким Неделков и СОНК не им е до работничките права, туку до финансиските средства и бенефитите кои ги носи лидерското место во Синдикатот. Во чии џебови и на чија сметка завршуваат 72 милиони евра годишно, пари за членарина од СОНК?

Ова е прашањето кое се погласно членовите на СОНК го поставуваат до претседателот на Синдикатот Јаким Неделков, откако му порачаа дека нема да го поддржат штрајкот за кој сметаат дека води лична битка за нов мандат и остварување на свои лични амбиции.

Синдикатот за образование, наука и култура зема 1 отсто од плата на секој член месечно за Синдикатот. Ако се земе во предвид дека просечната плата изнесува околу 20.000 денари, значи дека тоа се 200 денари. Доколку СОНК има над 30.000 членови, како што тврди самиот лидер Јаким Неделков, тогаш месечно само на основа од членарина Синдикатот има приход од 6 милиони денари, или одишно тоа се цели 72 милиони денари.

Членовите на СОНК прашуваат во чии џебови и на чија сметка завршуваат овие 72 милиони денари годишно и каков бенефит виделе наставниците од овие пари, или поточно, што прави Јаким Неделков со оваа огромна сума на финансиски средства и каде завршуваат истите?

Поголемиот дел од просветните работници сметаат дека  Неделков ја изгубил поддршката од колегите, што се докажува и со тоталниот дебакл на штрајкот кој целосно пропадна. Зад Неделков застанаа  само неколку наставниците од две општини кои се под контрола на опозициската партија и таа поддршка, коментираат членови на СОНК, има единствено политичка конотација.

Со исклучок на Струмица и Куманово, општини со кои раководи опозицијата, штрајк речиси и да нема во останатите училишта низ општините ширум земјава, каде и денеска се одвива редовно без никакви пречки. По дебаклот на штрајкот и немањето никаква поддршка, Неделков започна со закани и притисоци кон наставниците кои се спротивставија на, како што самите велат, остварување на негови лични амбиции.

Тие сметаат дека соочен со ситуацијата на терен, каде што наставниците од речиси сите училишта си држат редовна настава, наместо да штрајкуваат, Неделков пристапил кон вистински мобинг, закани манипулации, притисоци и навреди. Тие апелираат до актуелното раководство на СОНК да престане со притисоците кои ги врши на најразлични начини, велејќи дека тоа е јасен показател за недемократскиот капацитет на Неделков или желбата по секоја цена да си ја задржи позицијата.

-Тезата „или си со Јаким или си против СОНК“ е неточна и навредувачка. Сите ние сме членови на СОНК и се гордееме со тоа. СОНК не е Јаким, СОНК сме сите ние, наставниците во Македонија, но никој нема право да ја узурпира организацијата за исполнување на исклучиво лични цели и амбиции, искористувајќи ги сите бенефиции кои му ги дава позицијата, истакна Лидија Балџиева, наставник од општина Аеродром, која 33 години е член на СОНК.

Дополнително, просветните работници бараат одговор од раководството на Синдикатот во чиии џебови и на чија сметка завршуваат 72 милиони евра годишно, пари за членарина од СОНК од кои тие не виделе никаков бенефит. Каде одат овие пари, во чии џебови и на чија сметка, засега останува отворено прашање.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега