Промоција на Фондацијата за интегрирано образование

Во ЕУ Инфо Центарот во Скопје денеска ќе биде промовирана Фондацијата за интегрирано образование (ФИО).

Мисјата на ФИО е да обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование на сите ученици без разлика на верската, јазичната или етничката припадност, промовирајќи ги вредностите на мирот, демократијата, меѓусебното разбирање, толеранцијата, дијалогот  и соработката.

ФИО е невладина, непартиска и непрофитна организација посветена на поддршка на образованието преку создавање и развивање ресурси кои ќе поттикнат образовни иновации, ќе промовираат и препознаваат најдобри решенија и можности за потребите на учениците, наставниците,  училиштето и заедницата.

Се залага за имплементација на Нансен моделот за интегрирано образование во основните и средните училишта во Македонија со цел да се превенира сегрегацијата на училиштата преку помош на активности и можности за соработка, дружење, комуникација меѓу учениците, наставниците и родителите од различно етничко, религиско и културно потекло, градејќи доверба и спречувајќи насилство. 

На денешната промоција ќе присуствува и министерот за образование. Абдилаќим Адеми. 

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа