Хашим Тачи на средба со шефот на македонската дипломатија

 Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Косово Хашим Тачи денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија на покана на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Како што соопшти МНР, за време на средбата Попоски и Тачи ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка како и можностите за  нејзино натамошно унапредување и интензивирање во областите од заемен интерес за двете соседни земји.

Се очекува да бидат разменети мислења и за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и регионални безбедносни предизвици.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега