Албанската министерка за одбрана во Македонија

Делегација од Министерството за одбрана на Република Албанија, предводена од министерката за одбрана Мими Кодели, денеска ќе престојува во Република Македонија.

Во рамки на посетата, министерката Кодели ќе има средба со домаќинот, министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по што средба ќе имаат и двете делегации. Средба ќе оствари и со вицепремиерот Муса Џафери.

Како што е најавено од МО, министрите Јолевски и Кодели ќе потпишат Меморандум за разбирање за размена на експерти.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 09:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа