Возете внимателно- еве каде има густа магла во моментов

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб дожд се бележат во западниот и југозападниот дел од државата.

Намалена видливост од 100 до 150 метри е забележана  на патните правци Тетово- Скопје и Тетово – П.Шапка.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 18:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега