Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во Полошката котлина ќе има појава на магла и намалена видливост. Преку денот ќе дува слаб, а долж Повардарието и во крајните западни делови, умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од четири до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, со слаба утринска магла.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе достигне 10 степени.

Кон крајот на денот, се до сабота, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. 

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега