Беличанец-Алексиќ за РСМ: Кисела Вода е пионер во спроведување на методот за загревање на јавниот објекти со помош на био маса

Со цел подобар квалитет на воздухот, општината Кисела Вода е пионер во спроведување на методот за загревање на јавниот објекти со помош на био маса или таканаречени овошни семки.

За овој алтернативен систем на загревање општината Кисела Вода издвои 3,7 милиони денари, а проектот го реализираше со помош на undp, вели во Индекс на Радио Слободна Македонија градоначалникот на општината Билјана Беличанец Алексиќ.

– Ако претходно сме трошеле 1000 евра за 1000 литри нафта, еден тон био маса чини 150 евра. За да ја добиеме потребната топлина неопходни се два тона био маса која чини само 300 евра. Трошоците на реконструираното основно училиште во населбата Црниче на овој начин се значително намалени, но и на најниско ниво е сведено загадувањето на воздухот, односно со ова загревање практично не се влијае на квалитетот на воздухот, вели Беличанец Алексиќ.

Училиштата и градинките се исто така подготвени за гасификацијата која како проект треба да стартува, а речиси 1000 светилки на ниво на општината се заменети со штедливи, сето во насока на намалување на трошоците, вели градоначалничката за РСМ.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега