Снегот повторно ќе не дружи

Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд, а на планините со слаб снег.

Врнежите ќе бидат повеќе во претпладневните часови. По котлините ќе има магла и ниска облачност, а во некои котлини со намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 4 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно и тивко, претпладне со магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 7 степени.

Променливото облачно време со слаб локален дожд, а на планините слаб снег, ќе се задржи до четврток. По котлините ќе има појава на магла.

Во четврток кон крајот на денот и за време на викендот земјава ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови претежно облачно време со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во петок кога локално ќе дува и засилен јужен ветер.

Од недела ќе се спушта постудена маса од север која во ноќта кон понеделник ќе услови врнежите од дожд на некои места да поминуваат во снег.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега