Родители од Струмица: Проблемите да се решаваат на друго место, децата ни трпат поради штрајкот!

Родителите од општина Струмица се изреволтирани од односот на наставниците кои денеска штрајкуваа.

Тие велат дека на овој начин страдаат и децата и родителите, како и образовниот процес и дека тоа најмногу паѓа на грбот на учениците.

Родителите велат дека наставниците проблемите треба да ги решаваат преку синдикатот, на друго место и дека не е решение децата да бидат враќани од училиште.

-Учениците не се должни за тоа, да одат на настава, па да се враќаат дома, вели татко на ученик од Струмица.

-Бев сведок денес на еден целосно неорганизиран штрајк од страна на просветните работници. Децата ги донесовме, немаше настава, беа задржани во текот на денот без никакви индикации дали утре ќе доаѓаат на настава, дали ќе се работи или само ќе седат. И колку време ќе биде тоа. Штрајкот можеше, доколку, еве има некои работи  кои мора да се бараат на ваков начин, да се изведе вон работното време, кога децата не се присутни. И треба родителите да бидат информирани повеќе, вели мајка на ученик.

Родителите велат дека ако штрајкот беше организиран на друг начин и во случај тоа никако да не падне на терет на децата, наставниците може би ја добиле и нивната поддршка.

-Во овој случај, родителите се збунети, па и 80 отсто од наставниците се збунети што воопшто се бара – дали екстерно или повисоки плати или нешто друго...само ми рекоа дека има повеќе работи, а што точно бараат, мислам дека ни наставниците не се запознаени, рече една мајка од Струмица.

Родителите чии деца учат во основните и средните училишта во Струмица, реагираат на штрајкот на наставниците, бидејќи на овој начин трпат нивните деца. Тие велат дека наставниот-образовен процес не трпи отстапки и дека треба во целост да биде реализиран.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега