Вранишковски од денеска на условен отпуст

Јован Вранишковски денеска треба да биде пуштен на слобода, по одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, бидејќи се исполнети законските услови за примена на „условен отпуст“, пренесува МИА.

Вранишковски е правосилно осуден на единствена затворска казна од пет години и пет месеци. Досега, како што соопшти на 12-ти овој месец Јавното обвинителство на РМ, издржал вкупно 36 месеци затвор, што значи дека издржал половина од затворската казна на која што е правосилно осуден.

Од Обвинителството посочуват дека за време на издржувањето на казната Вранишковски се однесувал примерно и го почитувал куќниот ред во затворот, при што ги извршувал и работните обврски.

Воедно, како што посочуваат од Обвинителството, од осудениот со правосилна пресуда конфискувана е во корист на оштетената Македонска православна црква непосредната и посредната имотна корист која била прибавена со кривичното дело на осудениот. Kонфискувани му се вкупно 4.940.400 денари, а од друга страна во корист на оштетената Македонска православна црква конфискуван е и недвижен имот - земјиште во местото Голема нива во Нерези со површина од вкупно 4.859 м2.

Формално барање за ослободување на Вранишковски поднесе директорот на затворот Идризово, откако претходно негово помилување побара и Синодот на МПЦ-ОА заради, како што беше наведено, повисоки цели. 

Одлуката на Синодот на МПЦ-ОА следуваше по средбата на поглаварот г.г. Стефан со претседателот на Одделот за надворешни работи на Московската патријаршија, митрополитот Волоколамски г. Иларион.

Македонските владици ја прифатија иницијативата на Руската православна црква, пренесена од митрополитот Иларион, да даде придонес за обновување и успешно реализирање на дијалогот меѓу МПЦ-ОА и Српската православна црква за решавање на отворените прашања кои постојат меѓу двете цркви.

Ослободувањето на Вранишковски беше услов што го поставуваше СПЦ за продолжување на дијалогот со МПЦ

 

 

Оцени ја веста

19.01.2015 - 10:09
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега